Состанок и обука за новиот закон за Градежни производи

Во организација на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, на 30.3.2016 година, во Комората се одржа состанок, на кој покрај членките, присуствуваа и претставници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Царинската управа и Инспекцискиот совет на РМ. Темата на состанокот беше што нуди новиот Закон за градежни производи. Од страна на Златко Илиевски од Градежниот институт Македонија беа презентирани Системите за оценка и проверка на постојаност на својства 1, 1+ и 2+, како и 3 и 4. Крајната цел, како што беше истакнато, е поквалитетна градба, за таа цел е потребно прво едуцирање на инспекторите, за што ќе се направат листи, во кои ќе биде опишано што е потребно да се бара за проверка на производството.