70 годишен јубилеј на Градежен факултет Скопје

Градежниот факултет при Универзитет Св.Кирил и Методиј во Скопје, по повод својот 70 годишен јубилеј, додели плакети како знак на благодарност за долгогодишната успешна соработка со неколку факултети, институции и фирми како и признанија и награди за најдобрите дипломски трудови од градежништвото, геодезијата и геотехниката.

Врз основа долгогодишната успешна стручна и научна соработка со Градежен факултет Скопје, Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје долги години учествува на прославувањето на Денот на Градежен факултет – Скопје, на кој традиционално се доделува награда за најдобра дипломска работа од областа на геотехниката.

Оваа година Градежен Институт МАКЕДОНИЈА додели Пофалница и парична награда на студентот Дарко Атанасов со дипломска работа на тема „Контролни геомеханички испитувања за санација на автопат А1, делница Неготино – Демир Капија“.