17-ти Симпозиум на Друштво на Градежни Конструктори на Македонија (ДГКМ 2017)
Во периодот од 04-ти до 7-ми октомври во Охрид се одржа 17-ти Симпозиум на Друштво на Градежни Конструктори на Македонија (ДГКМ 2017).
На симпозиумот, нашите вработени учествуваа со два научни труда под наслов :
- “ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА И АНАЛИЗИ НА А.Б. КОНСТРУКЦИИ ПРИ ДЕЈСТВО НА ПОЖАР” и
- “УПОТРЕБА НА РЕЦИКЛИРАН МАТЕРИЈАЛ ОД ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД КАКО КОМПОНЕНТА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БЕТОН”.
Претставниците од Градежен Институт Македонија АД Скопје активно учествуваа на ТК 25 Технички комитет за бетон и на двете тркалезни маси на тема “Законот за градење и потребите од негови измени и дополнувања“. и “Имплементација на Регулативата за градежни производи – CPR 305-2011”