Надзор на Целосна реконструкција на мост на река Брегалница

Градежен Институт “Македонија” АД Скопје вршеше Надзор на Целосна реконструкција на мост на река Брегалница на регионален пат Р-1309 делница Кочани-Зрновци. На ден 06.06.2018 година Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија амбасадорот Самуел Жбогар ја посети општина Зрновци во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“, каде во употреба беше пуштен мостот изграден со средства од Европската унија.

На настанот присуствуваа и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во Македонија Луиза Винтон и градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков, како и претставници на државните институции во чија надлежност е мостот.

Со пуштањето во употреба на мостот ќе биде одбележано завршувањето на транспортната компонента од Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015 година, за која беа обезбедени 10 милиони евра, а во која што мостот во Зрновци, беше и најголем проект од Програмата имплементирана од УНДП.

Стариот мост кој беше сериозно оштетен, комплетно беше урнат и на негово место се изгради нов мост во должина од 86 метри, вреден над 43 милиони денари (800.000 евра) обезбедени од ЕУ.