Работилница на BIMcert – проект финансиран од Хоризонт 2020

Институтот за истражување во животна средина, енергетика и градежништво – ИЕГЕ основан од Градежен институт Македонија – ГИМ , кој е дел од проектниот конзорциум на BIMcert – проект финансиран од Хоризонт 2020, организираше BIMcert работилницата каде присуствуваа претставници од Стопанската комора, Комора на овластени архитекти и инженери во Македонија, претставници на бизнис секторот и академиите.

Цел на работилницата беше претставување на проектот BIMcert на македонскиот градежен сектор, презентација на резултатите од спроведената анкета како и одговарање на прашањето што всушност е BIMcert.

На работилницата беа отворени повеќе дискусии за значењето и потребата на BIMcert програмата за обука на професионалци во градежниот сектор, преку користење на дигитална технологија и подобрени техники за обука за да се поддржи, подобри и максимизира влијанието на вештините за енергетска ефикасност на сите оперативни нивоа во рамките на модерниот градежен сектор.

Проектот започна во март 2018 г., а ќе заврши во октомври 2019 г., додека следен чекор ќе биде проверка дали резултатите од анкетата одговараат на реалната слика, со што на градежниот сектор ќе му се овозможи да ги разгледа предлозите пред конечно да се доработат.