Поддршка за нашите најмлади — ГИМ со своите првачиња на стартот на учебната година

Со насмевки, подароци и многу радост им посакавме среќен прв училишен ден на нашите првачиња.
Нека ова биде почеток на едно прекрасно патување исполнето со знаење, другарства и убави спомени.
Првиот училишен ден останува во сеќавање цел живот. Токму затоа ова внимание беше начин да им се посака среќен почеток и да се покаже дека ГИМ е со нив во новата етапа од нивниот живот.
На сите наши првачиња им посакуваме успешна учебна година, полна со знаење, другарства и убави спомени!