СПД ГИМ – Скопје учествуваше на традиционалната планинарска тура на Илинска Планина

Членовите на СПД ГИМ Скопје учествуваа на традиционалната планинарска тура на Илинска Планина, организирана од Планинарското друштво „Бигла“ – Демир Хисар, која се одржа на 5 јули 2026 година.

Турата, со должина од 21 km, се реализираше по патеката од с. Големо Илино до врвот Лиска (1.908 м.н.в.), низ прекрасните природни предели на Илинска Планина, букови шуми и планински пејзажи. Покрај успешно реализираното искачување, учесниците имаа можност за рекреација, дружење и заедничко уживање во природата.

Во Градежен институт Македонија веруваме дека успешните тимови се градат не само преку професионални предизвици, туку и преку активности кои ги поврзуваат луѓето, го поттикнуваат здравиот начин на живот и придонесуваат за позитивна организациска култура.

Учеството на СПД ГИМ Скопје на оваа тура е уште една потврда на нашата посветеност кон благосостојбата на вработените, тимската соработка и активниот однос кон природата.