ГИМ Сертификација прво сертификационо тело за градежни производи

Прво и единствено Сертификационо тело за градежни производи во Градежен Институт Македонија.

ГИМ сертификација е тело за сертификација на градежни производи и за сертификација на контрола на фабричко производство. Телото е формирано врз основа на Решение издадено од Министерството за економија, согласно Законот за градежни производи. Сертификатот СТ-010 е издаден во септември годинава од Институтот за акредитација на Република Македонија и Решението за именување на тело за сертификација на градежни производи во октомври годинава од Министерството за економија.