Признание за најдобар магистерски труд – генерација 2025/2026

Градежен институт Македонија беше дел од свечената промоција на дипломираните и магистрираните студенти од генерацијата 2025/2026 на Градежен факултет, Скопје, настан кој ги одбележа успесите на новата генерација инженери и нивниот почеток на професионалниот пат.

Како институција која повеќе децении активно придонесува за развојот на инженерската професија, ГИМ континуирано инвестира во поддршка на младите инженери, поттикнување на научно-истражувачката работа и промовирање на академската извонредност.

Традиционално и оваа година, ГИМ додели признание за најдобар магистерски труд, со цел афирмација на академските достигнувања и поттикнување на понатамошниот професионален и научен развој на младите инженери.

Признанието за најдобар магистерски труд за академската 2025/2026 година од областа на геотехничкото инженерство му беше доделено на Златко Стоилов за трудот „Проценка на хазард од одрони кај патна инфраструктура преку тродимензионални симулации“.

Градежен институт Македонија уште еднаш ја потврдува својата континуирана посветеност кон унапредување на инженерската професија, поддршка на академската извонредност и вложување во идните генерации инженери.