Јакнење на тимската соработка преку ефективна комуникација
Во рамките на активностите за професионален развој и унапредување на знаењата и вештините на вработените, на 11.06.2026 година, во просториите на Градежен институт Македонија, беше реализирана обука на тема „Комуникациски вештини“ .
Обуката ја одржа проф. д-р Александра Србиновска Дончевски, професор и обучувач во областа на комуникацијата и организациското однесување, која преку интерактивен пристап, практични примери и дискусија со учесниците се осврна на значењето на ефективната комуникација, градењето доверба и унапредувањето на соработката во работната средина.
Учесниците имаа можност да ги развијат своите комуникациски вештини, да разменат искуства и да ги согледаат клучните фактори за создавање позитивна и продуктивна работна атмосфера.
Обуката ја истакна важноста на отворената комуникација, разбирањето и заедничката посветеност како основа за успешна соработка и развој на силни тимови.
Комуникацијата и соработката се темелите врз кои се гради успешен тим.
Цврсти темели создаваат силни тимови.
Градежен институт Македонија континуирано вложува во професионалниот развој на своите вработени, унапредувањето на индивидуалните и тимските капацитети и создавањето средина во која знаењето, довербата и соработката се основа за заеднички успех.
