Се одржа 9-тиот состанок на конзорциумот на проектот CINDERELA

Како дел од конзорциумот на проектот CINDERELA, претставници на ГИМ учествуваа на 9-тиот состанок на конзорциумот CINDERELA. Состанокот се одржа во Марибор во периодот од 28.06.22 – 30.06.22, во организација на партнерите на ЗАГ и НИГРАД од Словенија.

Беа презентирани постигнатите резултати, беше направена техничка посета на демо-локацијата Догоше во Марибор, а беа разгледани и поставени целите за следниот период каде ќе се финализира базата на податоци CINDER OSS.

Повеќе информации за проектот CINDERELA може да најдете на: https://www.cinderela.eu/