Учество на регионалната конференција – „Environmental assessments and the European Green Deal ’22“

Од 14 до 17 септември 2022 година во Водице, Хрватска, се одржа 5-та европска и регионална конференција „Environmental assessments and the European Green Deal ’22“, организирана од Хрватското здружение на експерти за заштита на природата и животната средина (HUSZPO).

Станува збор за најзначајната конференција од областа на заштитата на природата и животната средина во регионот на која се собраа преку 300 учесници и многу сме среќни што имавме можност да разговараме на теми за заштита на природата и животната средина, управувањето со природните ресурси, ЕУ таксономијата, легислатива и друго. Горди сме на нашиот придонес со презентација на тема „Оцена на влијанието врз животната средина – Студија на случај од изградба на магистрален гасовод, делница Свети Николе-Велес“.

Ни беше драго што се сретнавме со колеги од Хрватска и од странство и со нив ги разменивме нашите искуства и идеи за одржливост и зелен развој.

Повеќе информации за конференцијата: http://www.huszpo-konferencija.com/