Учениците од втора година од СГГУ “Здравко Цветковски” – смер архитектура, во посета на ГИМ

Учениците од втора година од средното градежно гимназиско училиште Здравко Цветковски – смер архитектура, беа во посета на Градежниот Институт Македонија. Учениците имаа можност да се запознаат со работењето на заводот лабораторија, со начинот на истражување и испитување на бетонот, испитување на асфалтни мешавини како и активностите кои овој завод секојдневно ги реализира.