Отворената сесија на состанокот на проектот BIMcert
ИЕГЕ ги презентираше целите и резултатите од проектот БИМсерт – финансиран од престижниот европски фонд за иновативни проекти, Хоризонт 2020. На одржаниот настан беа презентирани и дускутирани значењето и придобивките од воведување на современиот професионален софтвер во градежништвото.
Настанот се одржа во Стопанска Комора, со учество на голем број владини претставници, претставници од бизнис секторот и академијата. За важноста на европски проекти од ваков тип, обраќање имаше вицепремиерот за економски прашања г-динот Кочо Анѓушев, и присуство на Министерот за транспорт и врски г-динот Горан Сугарески.
Настанот беше организиран во форма на отворена дискусија со присутните гости со цел да се дефинираат заклучоци кои ќе претставуваат иницијални насоки за дигитализација на градежниот сектор во насока на економска и енергетска ефикасност.