ГИМ ГЕОТЕХНИКА – Бања Лука учествуваше на Меѓународниот саем за стопанство „Бања Лука ЕКСПО 2026“
Подружницата на Градежен институт Македонија во Босна и Херцеговина – ГИМ Геотехника Бања Лука, зеде активно учество на третото издание на Меѓународниот саем за стопанство „Бања Лука ЕКСПО 2026“, кој се одржа од 13 до 15 мај 2026 година во комплексот на Универзитетот во Бања Лука.
Оваа престижна меѓународна стопанска манифестација беше организирана од компаниите Elite Fair d.o.o. Бања Лука и RS Consulting and Trade d.o.o. Бања Лука, со институционална поддршка од Владата на Република Српска, Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Надворешнотрговската комора на БиХ и Стопанската комора на Република Српска.
Саемот обедини бројни домашни и меѓународни компании од областа на градежништвото, металната и електроиндустријата, дрвната индустрија, информатичките технологии, архитектурата, проектирањето, недвижностите и финансискиот сектор. Покрај изложбениот дел, беа организирани и панел-дискусии, стручни предавања и B2B средби насочени кон развој на нови деловни партнерства и соработка.
Учеството на ГИМ Геотехника Бања Лука претставуваше одлична можност за промоција на инженерските и геотехничките услуги на компанијата, размена на професионални искуства со претставници од регионот и пошироко, како и воспоставување нови контакти со потенцијални партнери, инвеститори и институции.
Преку своето присуство на „Бања Лука ЕКСПО 2026“, ГИМ Геотехника уште еднаш ја потврди својата посветеност кон следење на современите трендови во градежниот сектор, јакнење на регионалната соработка и активно учество во иницијативи што придонесуваат за развојот на стопанството и инфраструктурата.




