Свечено пуштање во работа на новата дупчалка за бунари до 1000 метри и истражно дупчење до 1500 метри
Градежен институт Македонија свечено ја пушти во употреба новата дупчалка, која претставува значајна технолошка инвестиција во областа на геотехничките и хидрогеолошките истражувања.
Првата локација на која опремата беше ставена во функција е Олово, Босна и Херцеговина.
Новата дупчалка овозможува изведба на бунари до 1000 метри длабочина, како и истражно дупчење до 1500 метри, со што значително се унапредуваат капацитетите за прецизни и сложени теренски истражувања.
Со оваа инвестиција, Градежен институт Македонија продолжува со модернизација на опремата и зајакнување на својата улога во реализација на високостручни инженерски проекти во регионот и пошироко.



