ГИМ беше дел од отворениот ден во СУГС “Здравко Цветковски”
ГИМ беше дел од отворениот ден за идните средношколци и промоцијата на втората фаза од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ во СУГС “Здравко Цветковски” на 17 мај 2022 година.
Проектот „Учи паметно, работи стручно“ МОН го спроведува од минатата година за да го зголеми бројот на дуални паралелки и да го унапреди средното стручно образование. Согласно со објавениот конкурс за следната учебна година, пријавени се околу 220 дуални паралелки.
На отворениот ден ГИМ воспостави значајни контакти, ја презентираше можноста за остварување на пракса во ГИМ, а меѓу другото и ја зацврсти долгогодишната со соработка со училиштето.