ГИМ потпиша договор за надзор над изградбата на автопатска делница во Романија
ГИМ додаде уште еден голем проект во низата на проекти преку својата подружница во Романија, една од неколкуте гранки на ГИМ на Балканот.
Градежен институт Македонија и Државната Компанија за патишта на Р. Романија (CNAIR) потпишаa договор за надзор над изградбата на автопатска делница Тронсон 1.
Должината на автопатската делница Тронсон 1, изнесува 4,6 km и се наоѓа помеѓу градовите Buzau-Foscani кои се составен дел од Автопатот А7 кој води до Р. Молдавија.