ГИМ oрганизираше меѓулабораториска споредба
Во периодот од 29 до 30 октовмри, на локација ГИМ Злокуќани, тимот на Завод Лабораторија на ГИМ oрганизираше меѓулабораториска споредба.
Меѓулабораториската споредба за метода од областа на животна средина на гравиметриско мерење за одредување на ЦЧ10 (PM10) масена фракција од суспендираните цврсти честички со одржа со цел потврдување на точноста на своите мерења и резултати како и одржување на квалитетот.
Учесници беа следните лаборатории:
– Градежниот Институт “Македонија“ АД Скопје, Завод Лабораторија
– ТЕХНОЛАБ доо Скопје, Лабораторија за еколошки испитувања и безбедност при работа
– Фармахем Дооел, Скопје, Лабораторија за Животна Средина одделение за тестирање
– Лабораторија за животна и работна средина ЦТС Индустри Скопје.