5. Српски конгрес за патишта
Претставници на ГИМ присуствуваа на 5. Српски конгрес за патишта кој се одржа на 30 и 31 мај 2024 година во хотелот Краун Плаза во Белград.
На конгресот говореше државниот секретар на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, претседателот на Српското здружение за патишта Виа-Вита, деканите на Градежниот и сообраќајниот факултет, претставници на компаниите – спонзори како и многу други влијателни личности во областа.
На конгресот беа презентирани 65 трудови кои беа поделени во 6 теми. Покрај овие трудови имаше и 3 предавања од поканети предавачи: Франческа Русо, Војкан Јовиќиќ и Александар Стевановиќ.
Меѓу присутните на конгресот присуствуваа претставници од целиот регион Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, како и од Италија, Австрија, Франција, Полска и Германија.
Повеќе информации за конгресот можете да прочитате на следниот линк https://www.kongresoputevima.rs/