Донација на компјутерска опрема за учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

Градежен институт Македонија континуирано спроведува иницијативи насочени кон унапредување на дигиталната инклузија и поддршка на образовниот систем преку донации на компјутерска опрема.

Опремата беше донирана на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје, при што вработените на ИТ секторот на ГИМ извршија целосна техничка проверка, сервисирање и подготовка на уредите, обезбедувајќи нивна целосна функционалност за непосредна употреба во наставниот процес.

Со оваа активност, ГИМ ја потврдува својата континуирана заложба за дигитална трансформација во образованието и создавање еднаков пристап до технологија за сите ученици.