Истражно дупчење на тунелот Месеш, Романија

Градежен институт Македонија реализира истражно дупчење на тунелот Месеш, на автопатската делница Клуж – Залау, Романија. Дупчењата се изведени на длабочини од 100 до 250 метри, со ангажирани две дупчачки гарнитури кои работат во две смени, 24/7. За само еден месец реализирани се вкупно 1160 метри дупчење.

Со оваа активност, Градежен институт Македонија уште еднаш ја потврдува својата експертиза и присуство на меѓународниот пазар, применувајќи највисоки професионални стандарди во реализација на сложени инфраструктурни проекти.